wordpress counter

Романија воведува уникатен данок

Романија најави воведување на еден сосоема нов данок. Станува збор за данок на брзата или junk храна. Се верува дека на тој начин ќе се подобри здравјето на романските граѓани. Овој данок е преседан во светот, а се планира на него да подлежат правните лица кои произведуваат и подготвуваат храна со висок процент на сол, маснотии, шеќер и додатоци.

Европскиот сојуз за јавно здравје ја поздрави оваа одлука на романските власти и смета дека ова би можело да биде пример за другите земји членки на Европската Унија. Кон ова се надоврзуваат и податоците кои велат дека болестите поврзани со лошата исхрана го чинат европското стопанство 192 милијарди евра секоја година.

Исто така, овој сојуз ги повикува владите да размислат за преземање чекори со кои здравата храна би станала попривлечна и подостапна за потрошувачите. Според процените, овој данок би ја поскапел брзата храна за 20-тина проценти.

Related Posts with Thumbnails