wordpress counter

Се отвора најголемиот „McDonald’s“ во светот

Ако се двоумите каде ќе биде локацијата на овој ресторан – тогаш помислете кој е најголемиот спортски настан оваа година? Секако, тоа се Олимписките игри во Лондон. Токму во главниот град на Британија се отвора најголемиот „McDonald’s“ на светот.

Ресторанот ќе биде рапослан на неверојатни 3.000 м2, ќе вработува 2.000 луѓе, а менаџерите очекуваат дека за време на игрите ресторанот ќе го посетат близу 3.000.000 луѓе. Предвидувањата велат дека ќе бидат послужени повеќе од 50.000 „Биг Мек“ сендвичи и преку 180.000 порции помфрит.

Инаку, „McDonald’s“ е спонзор на Олимписките игри уште од 1976 година во Монтреал, Канада. Уште една занимливост е фактот што со оброкот „Happy Meal“, како подарок ќе се доделува уред кој кој ќе ја мери физичката активност, а податоците од вашата физичка активност ќе можете да ги качите онлајн.

Related Posts with Thumbnails