wordpress counter

Секоја година се поголем оброк

Студија објавена на американскиот универзитет Корнел, открива дека во последните 1.000 години јадеме сѐ поголеми оброци. До ова откритие стигнале еден професор од Корнел и неговиот тим со помош на поголем број слики на Тајната вечера.

Големината на порцииите и чиниите на овие слики кои настанале во еден долг период од преку 1.000 години постепено пораснале за 23 до 69 проценти. Професорот Вансинк, кој е автор на книгата „Невнимателно јадење“, смета дека оваа тенденција на големи порции и прејадување се развива во последниот милениум.

Во испитувањето на преку 52 прикази на најславната вечера во нашата историја, утврдено е дека големината на оброкот е зголемена за 69%, големината на чиниите за 66%, а на лебот 23%.

Дел од причините лежат и во фактот дека токму во овој период се зголемува производството на храна, нејзиниот рок на траење, нејзината достапност и секако зголемените материјални можности. Во оваа комбинација од фактори се наоѓа и објаснувањето зошто стануваме сѐ подебели и зошто консумираме толку многу храна.

Related Posts with Thumbnails