wordpress counter

Сендвич без лепче?

На прв поглед, сендвич без лепче би бил одлична идеја за сите оние кои сакаат да ја одржат својата линија. Е, токму таков сендвич лансираше американскиот синџир за брза храна Kentucky Fried Chicken, со цел да го намали уделот на јаглехидрати од печивата.

Но, приказната не застанува тука. Наместо лепче, сендвичот го сочинуваат две похувани парчиња пилешко филе. Новиот производ се вика „Double Down“ и содржи сланина, топено сирење, мајонез и пилешко месо. Нутриционистите веќе се згрозија од новиот сендвич на менито во земја во која 2/3 од населението пати од преголема тежина.

Но, одговорните луѓе на корпорацијата тврдат дека овој сендвич содржи само 540 калории. Со оглед дека станува збор за САД, сендвичот е испратен на испитување и е утврдено дека има цели 1.228 калории, што претставува дури половина од препорачаниот дневен внес. Освен тоа, содржи и 1.380 мг сол, 32 гр масти и 10 гр заситени масни киселини, кои делуваат погубно по нивото на холестерол.

Related Posts with Thumbnails