wordpress counter

Сендвич со рок на траење до две години

Дефиницијата за поимот свежа храна е по малку изменета во последно време. Замислете, направен е сендвич кој, верувале или не, може да остане свеж цели две недели.

Постапката со која е добиен овој сендвич е наречена „перење со гасови“. Во овој процес, направено e заштитно пакување во кое кислородот е заменет со јаглерод диоксид и нитроген. Интересно е дека овој сендвич дури и започна да се продава во Велика Британија.

Покрај тоа, на јавната британска мрежа „BBC“ беше прикажано неверојатно видео од 2 години стар сендвич направен за армијата на САД. Сѐ што требало да се направи, за да се создаде ваков безбеден сендвич, бил процес со кој бактериите нема да можат да дишат. Односно, да изнајдат начин како да го извадат кислородот од пакувањето. Тоа го постигнале со тоа што во пакувањето додале струготини од железо.  Со тоа постигнале сендвичот и по две години да биде свеж. Изненадувачки е што испитаниците во видеото велат дека овој сендвич всушност бил вкусен. Погледнете го видеото од „BBC“ тука.

Related Posts with Thumbnails