wordpress counter

Sex and the city „диета“

Најстрашната информација која ја знаат сите телевизиски и филмски ѕвезди е фактот што камерата „додава 5-6 килограми“ на вашиот изглед. Тоа е најомразениот факт во светот на славните. Факт кој ги тера да гладуваат за да го изгубат вишокот на килограми.

Но, очигледно е дека ова не важи за четирите главни ѕвезди на серијалот „Сексот и градот“. Имено Кери, Шарлот, Саманта и Миранда имаат право да ја покажат својата несовршеност. Иако, повеќето од нас веруваат дека се спроведува вистинска тортура на оваа четворка, кога станува збор за изгледот, тоа не е случај.

Она за кое не смеат да зборуваат е сценариото за продолжението на филмот „Сексот и градот“, чија премиера е најавена за 27-ми мај. Но, затоа отворено велат дека имаат слобода да јадат колку сакаат и што сакаат. За време на снимањата никогаш не биле под притисок да ослабат, туку напротив, целата гардероба и сцените се прилагодени на нивната телесна тежина.

На тој начин, овој серијал кој ги руши сексуалните табуа и мислењето за жените по 30-тата година, сега го промовира и трендот дека модата треба да се прилагоди на телото, а не обратно.

Related Posts with Thumbnails