wordpress counter

Сирење уби осум луѓе

Сирење кое во себе ја содржело бактеријата листериоза, беше кобно за 6-мина австријци и двајца германци. Откако го консумирале сирењето, луѓето добиле бактериска инфекција која се покажа како смртоносна. Производител на опасното Кваркел сирење е компaнијата Пролактал, од австрискиот град Хартберг.

Изворот на бактерија беше пронајден пред неполн месец преку комплетна истрага на шопинг листите на 8-мина луѓе кои ја добија инфекцијата. Повеќе германски синџири на супермаркети веднаш го повлекоа спорниот производ од своите рафтови, а како дополнителна мерка, донесоа одлука да ги продаваат другите производи од оваа фабрика со видливо предупредување до потрошувачите.

Листериозата може да предизвика сериозни последици по здравјето. Многу е подмолна, бидејќи кај здравиот човек може и да не биде откриена (дури и повеќе од 70 дена), а понекогаш се манифестира и како лесна форма на грип. Но, ако не се третира на време ќе предизвика труење на крвта, натекување на мозокот и смрт.

Related Posts with Thumbnails