wordpress counter

Скандал со италијанската моцарела

Откако индустријата за храна и угостителството го поминаа скандалот со неоригиналната пица Наполитана, сега се на удар на критиката поради наводните тврдења дека повеќе од ¼ од моцарелата се произведува од кравјо млеко наместо од млеко од биволица.

Црвеното светло се вклучи откако една рутинска инспекција на производството на моцарела покажа дека дури и претседателот на консорциумот на производители на моцарела го разводенувал сирењето со млеко од крава.

Лука Заја, министер за земјоделство во италијанската влада, изјави дека мерките не се насочени кон производителите, туку да се покаже дека системот на контрола функционира беспрекорно. На пример, за утеха, моцарелата од Кампанија и натаму е со одличен квалитет.

Очигледно е дека не само кај нас, туку и во многу понапредни земји, производителите си играат со квалитетот и своите потрошувачи.

Related Posts with Thumbnails