wordpress counter

Скапоцено еспресо

СКАПОЦЕНО ЕСПРЕСОКопи Луак е најскапото кафе на светот, кое особено стана популарно по филмот „The bucket list“ и серијата CSI Las Vegas. Во една од епизодите убиецот е фатен токму поради фактот што беше обожавател на овој редок вид на кафе.

Ова кафе потекнува од индонезискиот архипелаг и тоа од Суматра и Јава. Зборот копи на јазикот на населението во овие области значи кафе, додека луак е назив за посебна раса на животни од родот мачки.

И, по што е толку посебно ова кафе? Епа, мачката луак јаде зрна од кафе кои поминуваат низ нејзиниот дигестивен систем комплетно непроменети и притоа примаат посебна арома. Се верува дека ензимите во желудникот на мачката ги разградуваат белковините, кои му даваат горчина на кафето. Откако кафето ќе помине низ телото на животното, посебно подготвени трагачи го пронаоѓаат изметот и внимателно ги одвојуваат зрната. Потоа, тие се мијат и малку се пржат со цел да не се уништи коплексната арома. На тој начин, според познавачите, се доаѓа до кафето над кафињата.

Копи Луак го краси тешка, богата арома со примеса на карамел и чоколадо. Се тврди и дека има речиси сирупеста конзистенција. Годишно се произведува само околу 450 килограми од овој вид кафе.

Нам ни останува само да го погледнеме „The bucket list“ и да уживаме заедно со Џек Николсон и својствениот за него, страстен хедонизам.

Related Posts with Thumbnails