wordpress counter

СлаткоСолено™ – сервис за сите гурмани

Од денес, Гурман™ со гордост ви го претставува сервисот „СлаткоСолено™“. Станува збор за сервис за комуникација кој е посветен на сите вистински вљубеници во храната. До сервисот можете да пристапите на slatkosoleno.gurman.mk.

Вклучувањето во дискусиите е мошне лесно. Се регистрирате, се најавувате и го постирате она што имате желба да го споделите со сите. Можете да фалите, критикувате, разменувате мислења, објавувате фотографии, да споделувате рецепти и совети, или едноставно да комуницирате со луѓе кои имаат слични желби и интереси како вашите.

„СлаткоСолено™“ е единствен сервис од ваков тип кај нас. Тука постои само една тема – храна. Сè што се однесува на нашата омилена тема, може да го раскажете тука. Затоа, ве повикуваме слободно да ги споделите вашите мислења или прашања. Без разлика какви се. Ние, од редакцијата на Гурман™, ќе бидеме постојано отворени за комуникација. Секако, дел од вашите размислувања или прашања ќе ги истражуваме и ќе ги преточиме во текстови и статии. А, можеби, некој од вас и ќе стане дел од редакцијата.

Сакаме „СлаткоСолено™“ да стане место каде секојдневно ќе се сретнуваме и ќе разговараме. Место каде сите гурмани ќе се дружат.

Само да знаете – без вас, тоа нема да биде можно. Ајде да го направиме „СлаткоСолено™“ место на кое сите ќе ни завидуваат!

НАПОМЕНА: сервисот е во бета верзија. Ве молиме, известете нѐ на redakcija@gurman.mk за сите грешки, пречки и проблеми во функционирањето и/или изгледот на сервисот на кои ќе наидете.

Related Posts with Thumbnails