wordpress counter

Словенците ја заштитија и гибаницата

Словенија успеа во рамки на Европската Унија да ги заштити името, рецептот и начинот на приготвување на хрватската гибаница, позната и како прекумурската гибаница. Името и „логотипот“ на специјалитетот кој се подготвува од двете страни на границата, сега ќе можат да користат само словенците.

Првиот човек на областа Меѓумурје во Хрватска е особено загрижен и е свесен за проблемите кои ќе ги имаат во поглед на развивањето на туризмот и нивните специјалитети. Вели дека словенците не може да им забранат да ја нарекуваат оваа гибаница меѓумурска, но рецептот останува во нивна сопственост. Сега, на потег се хрватите и нивната креативност, бидејќи ќе мора да смислат нов начин на подготовка.

Оваа информација е интересна за нас затоа што, не толку одамна, словенците успеаја да ја „откраднат“ и нашата национална гордост – ајварот. Сега тоа им се случува и на хрватите. Останува да ја научиме лекцијата и да научиме да го штитиме она што е наше.

Related Posts with Thumbnails