wordpress counter

Словенија ги повлече Jaffa cakes од продажба

Причината за повлекување на овој производ лежи во неисправната амбалажа, која може да биде опасна по здравјето. Картонската амбалажа, во која производителот „Црвенка“ го пакува овој производ, содржи бензофенон и 4-метилбензофенон, кои може да навлезат во колачињата.

Според словенечкиот здравствен инспекторат, доколку овие хемиски соединенија навлезат во кексите, може да бидат многу опасни по здравјето на луѓето, особено за малите деца. Предупредувањето се однесува на Јафа портокал 300 гр, Јафа портокал од 150 гр, Јафа вишна од 150 гр и Јафа лимон од 150 гр.

Во Словенија, сите продажни места кои продавале Jaffa cakes се должни да ги примат назад вратените количини и да им ги вратат парите на потрошувачите. Кај нас сѐ уште нема никакво објаснување од надлежните здравствени власти. Со оглед дека овие производи се мошне продавани и кај нас, сметаме дека и нашите здравствени власти треба да го испитаат случајот.

НАДОПОЛНЕТО: Македонската дирекција за храна и ветеринарство наложи Јафа кексите да се повлечат од продавниците во земјава. Земени се примероци за вонредна анализа. Последната анализа е направена во јануари, но тогаш амбалажата не била испитувана.

На

Related Posts with Thumbnails