wordpress counter

Смртна казна за кршење на безбедноста на храната

Врховниот народен суд на Кина им дал директиви на пониските судски инстанци да започнат да ги казнуваат построго сите оние лица кои ќе се обидат да ги нарушат одредбите за безбедноста на храната. Судот им предлага на судиите да не се воздржуваат, доколку така сметаат, да досудат и смртна казна.

Причината за оваа одредба лежи во бројните скандали во последните неколку месеци кои се однесуваат на кршење на правилата за безбедност на храната, што во некои случаи имаше и фатални последици за консументите на определени производи.

Најнапред се појави млекото со меланин, потоа свињи хранети со наркотици, па лубеници третирани со хемикалии за побрз раст… Списокот е прилично долг. Токму затоа, сите оние кои ќе предизвикаат смрт на друго лице, ќе бидат казнети со долгогодишни казни затвор, високи парични казни, па дури и смртна казна.

Related Posts with Thumbnails