wordpress counter

Со текила против болести

Текилата е еден од најпопуларните пијалаци. Се добива од растението агава и се консумира во комбинација со сол и лимон.

Но, ретко кој знае дека агавата има лековити својства. Особено е делотворна при проблеми со варењето, жолтица, забоболка, реума и при менструални болки.

Научниците направиле бројни истражувања и откриле дека агавата помага при лечење на дијабетес и остеопороза. Имено, агавата го поттикнува создавањето на коскеното ткиво и го стимулира производството на инсулин. Агавата подобро е да се консумира во свежа состојба, бидејќи при ферментација губи некои од своите својства.

Во текила или не, агавата делува позитивно на нашето здравје. Дополнително, бидејќи не бара многу, можете дури и сами да ја одгледате. За тоа, во една од наредните статии.

Related Posts with Thumbnails