wordpress counter

Социјални мрежи + храна = 4Food

Во Њујорк, неодамна се појави ресторан за брза храна кој воведе новитет кога се во прашање социјалните мрежи. Имено, преку нивниот веб-сајт вие ќе можете, слично како во игриците на Фејсбук, да измислите ваш сендвич со состојките кои се на располагање и на истиот да му дадете име. Ќе го порачате и потоа одете да го земете.

Тука завршува храната, но започнува социјалното поврзување. Веб-сајтот www.4food.com има табела на која се рангираат најнарачуваните сендвичи кои ги креирале некои од гостите. На крајот, сето ова се трансформира во една игра на социјалните мрежи.

Еве како оди работата: јас си креирам сендвич и го нарекувам, на пример, Гурман. Потоа, ја пренесувам информацијата преку Facebook и Twitter. Секогаш кога некој ќе го порача сендвичот Гурман, јас добивам кредит од 25 центи. На тој начин, сендвичот оди нагоре кон врвот на табелата. Колку повеќе клиенти го нарачуваат сендвичот, толку повеќе кредити добивам. Сѐ додека не добијам гратис ручек или вечера.

Со оглед дека сличните игри на Facebook добија голема популарност, не веруваме дека има причина ова да не успее. Како и да е, social networking за поздрав.


Related Posts with Thumbnails