wordpress counter

Совршена реклама

Познатиот синџир на ресторани за брза храна, Carl’s Jr, го зголеми своето портфолио на тв реклами со уште една која е сочна и зачинета исто како и нивните бургери. Откако Парис Хилтон, Одрина Партриџ и Падма Лакшми учествуваа во рекламите на синџирот, сега ѝ дојде редот и на Ким Кардашијан.

Но, таа, за разлика од претходните кои рекламираа бургери, доби задача да ја зголеми популарноста на салатите на Carl’s Jr. Токму пред новата година, овој синџир на ресторани промовираше три нови салати. Ким успеа да му даде сексипилна нота на производот кој многу фанови на брзата храна го сметаат за комплетно непривлечен- салатата.

Инаку, салатата со пилешко месо, јаболка, ореви и брусници чини 5 долари и се служи со виолетов кромид, рендан кашкавал и мали парченца сланина.

Интересно е дека Телевизискиот Совет на родители на Калифорнија започна постапка против Carl’s Jr поради тоа што користи мека порнографија при рекламирањето на нивните производи. Значи, не секој сака да ужива во изгледот на Хилтон, Лакшми и Кардашијан.


Related Posts with Thumbnails