wordpress counter

Спортски пијалак од кисели краставички

Додека водечките производители на спортски пијалаци ја шират својата палета на производи со енергетски чоколади, шејк пијалаци и други додатоци за подобрување на спортските перформанси, помалите производители како „Брендон Брукс“, се обидуваат да го освојат пазарот со нови, иновативни идеи.

Во овој случај, се работи за сок од краставички, кој помага при отстранување на грчеви по интензивна физичка активност. Една студија на Универзитетот „Бригам Јанг“ докажа дека болките се намалуваат за само 85 секунди по консумирањето на сокот.

Производителот уште во 2.000 година почна да го развива  производот „Pickle Juice Sport“, откако утврди дека постои голем интерес помеѓу спортистите за природни пијалаци од моркови и шипка. Засега има само една варијанта на сокот, а за следната година се планира послатка варијанта, збогатена со сок од калинки.

Related Posts with Thumbnails