wordpress counter

Србите прават магарешко сирење

Во специјалниот завод „Засавица“, близу Сремска Митровица, произведено е првото сирење од магарешко млеко. Ако се насмевнавте на оваа информација, сигурни сме дека на следната вашето лице ќе добие сериозен изглед. Еден килограм од ова навистина посебно сирење чини 1.000 евра.

Првото вакво сирење го добило името „Пулe“, според името на едно младенче. На тој начин, магарешкото сирење го презеде приматот од сирењето добиено од лос, кое чини 500 евра за килограм. Според производителот, причината за ваквата цена лежи во фактот што за да се добие еден килограм сирење потребни се 25 литри млеко, количина за која на просечна магарица ѝ се потребни цели 2 години.

За магарешкото сирење се верува дека може да лечи кашлица, а старите Египќани верувале во неговата исцелителска моќ. Инаку, ова млеко е мошне слично со човечкото. Содржи антиалергени и 1% млечни масти. Се консумира исклучиво сирово, бидејќи со варење ги губи сите драгоцени состојки.

Related Posts with Thumbnails