wordpress counter

Старбакс си отиде од Хрватска

Иако, пред неколку месеци беше најавено како готова работа, сепак, приказната Старбакс во Хрватска заврши и пред да започне. Имено, во октомври, требаше да започне со работа првата кафетерија на овој популарен американски синџир во земјите на поранешна Југославија.

Но, одговорните во Старбакс, наместо свечено отвoрање, испратија само едно штуро соопштение во кое наведуваат дека одлуката да се откажат од отворање на својата кафетерија во Загреб ја донеле по внимателно истражување на хрватскиот пазар. Согласно тоа, отворањето е одложено на неопределено време.

Во јавноста циркулираат три причини кои влијаеле на оваа одлука. Слабото работење на компанијата за време на рецесијата, неуспехот на Costa Coffee (истотака светски синџир на кафетерии) на хрватскиот пазар и културата на пиење кафе на хрватите, кои и понатаму повеќе сакаат да седнат 2-3 часа на кафе отколку да шетаат со шолјите во рака.

Ние, ве прашуваме вас за мислење: Од што се уплаши Старбакс?

Related Posts with Thumbnails