wordpress counter

Subway во Битола?!

Subway е светски синџир на ресторани за брза храна. Поседува преку 33.000 ресторани, во дури 92 земји во светот и на тој начин е една од најуспешните приказни во таа индустрија. Секој заинтересиран може да побара франшиза од нив и да ја добие. Секако, ако ги исполни бројните услови.

Меѓутоа, некоја македонска фирма во Битола не смета така. Се решила да си го позајми нивниот корпоративен идентитет, па дури и името е само мала модификација на Subway.  Логото е комплетно исто, како и логото за достава на производи. Интересно е дека менито е само скратена верзија на сeндвичите на Subway, а сликите се преземени од сајтот на корпорацијата.

Пред да го напишеме текстот, проверивме и на веб-сајтот на Subway дали можеби некоја македонска компанија се решила да побара и да добие франшиза. Но, утврдивме дека Македонија воопшто ја нема во локаторот на ресторани.

Очигледно, од Submarine Битола – http://submarinebt.com сметаат дека одбрале вистински начин за своја промоција. Но, во нормалните земји, ваквото однесување ќе биде соодветно санкционирано. Ако не за друго, барем поради доведување во заблуда на потрошувачите.

Related Posts with Thumbnails