wordpress counter

Супер домат

По сѐ изгледа дека времето на гнили и расипани домати помина. Група научници од Индија објавија дека создале генетски модифициран домат кој останува свеж еден месец повеќе од обичните домати.

Според зборовите на истажувачите, тие го модифицирале доматот со менување на два ензима кои се вклучени во созревањето на овој плод кој е дел од секоја светска трпеза. Со забавување на делувањето на овие ензими се добива домат кој трае.

Плодот останува со посакуваната текстура и цврстина, а продолжувањето на рокот на траење нема негативен ефект по здравјето.

Ова е одлична вест за земјоделците кои секоја година мака мачат со продажбата на доматите. На пример, само индиските производители губат околу 35% од производството поради краткиот рок на траење.

Related Posts with Thumbnails