wordpress counter

Супермаркет со органски производи

Хрватска го доби својот прв супермаркет со органски производи. Во Загреб, на површина од преку 350 m², се отвори „Гарден“. Во оваа продавница може да се најдат преку 3.300 млечни и пекарски производи, свеж зеленчук и овошје, тестенини, житарки, сокови, растителни напитоци, сладолед, сосови, сувомеснати производи, макрибиотика и козметика.

Реномирани европски и хрватски производители на еко производи се застапени во „Гарден“: италијанскиот Ecor, германските Andecher Natur и Schedel, како и австриски Sonnentor.

Освен тоа, „Гарден“ е дел од Fairtrade. Со тоа ни овозможува на нас купувачите да ги потпомогнеме сите оние производители и трговци кои трпат негативни последици од компаниите од развиените земји. Со Fairtrade се гарантира дека секој производител ќе добие барем покривање на сите производни трошоци. Одличен начин во борба против сиромаштијата во неразвиениот свет.

Related Posts with Thumbnails