wordpress counter

Тажен Гурман™ викенд

Редакцијата на Гурман™ ве известува вас, верните читатели, дека поради низа технички проблеми кои се појавија во петок, 22 јануари, www.dvaedendva.110mb.com беше надвор од функција сѐ до недела, 24 јануари. И покрај нашите големи напори да го сочуваме сѐ она што во овие 10 месеци е објавено, сепак, еден дел од содржините е неповратно загубен.

Особено жалиме што вашите бројни коментари, кои ни се поважни од сѐ, не успеавме да ги сочуваме. Но, искрено се надеваме дека и покрај оваа случка вие ќе продолжите со несмален интензитет да ги следите содржините, да коментирате и да нѐ советувате како да го подобриме порталот и да го направиме онаков каков што вие го сакате.

Се надеваме дека имате разбирање за досегашните технички проблеми и дека ќе имате разбирање за пречките на кои може да наидете уште некој ден додека Гурман™ не профункционира онака како што сите го сакаме. Дотогаш, ќе можете да прочитате нешто од постарите содржини кои можеби не сте ги забележале, а се еднакво интересни, забавни и поучни. ●

Related Posts with Thumbnails