wordpress counter

Тефлонската тава заминува во историјата

Тефлонската тава, која израсна во еден од симболите на модерното домаќинство, во наредните неколку години ќе замине во историјата. Сопственикот на патентот и еден од најголемите производители на овој тип садови, ДуПонт, ќе се откаже од овој тип на технолгија при производство на тавите.

Веќе од оваа година, ДуПонт и уште 7 други големи производители ќе ја редуцираат за 95% употребата на перфлуороктанска киселина која се користи при производство на тефлонот. Според мислењето на Американската агенција за заштита на животната средина, оваа киселина е отровна.

Инаку, ДуПонт започна со производство на овие тави уште во средината на 40-тите години на минатиот век, со цел да го спречи лепењето на храната при нејзиното термичко подготвување. Наместо тефлон, стручните лица советуваат да користиме садови од челик, алуминиум (освен за кисела храна), железо (овие садови мора веднаш да се измијат) или бакар (се користат при подготовка на храна на умерена температура).

Related Posts with Thumbnails