wordpress counter

Тексас забрани последен оброк на осудените на смрт

Во американската сојузна држава Тексас е укинат „последниот оброк“, кој се смета за последен гест на милост кон осудените на смрт. Според официјалните претставници, затворениците осудени на смрт нема повеќе да го избираат последниот оброк, туку ќе го добиваат она што го добиваат и другите затвореници.

Чашата ја прелеја последната желба на Лоренс Расел Бруер, кој беше погубен на 21-ви септември поради расно мотивирано убиство во 1998 година. Неговата нарачка била прилично обемна: две парчиња пржено пилешко со лук, троен чизбургер со сланина, омлет со сирење, говедско месо со домати, лук и пиперка. Покрај тоа, Бруер нарачал и половина килограм месо на скара, половина бел леб, пица со месо, месо во тортиља, пржени пиперки со кечап. За десерт, нарачал сладолед и колачи со путер од кикиртки.

Меѓутоа, она што го разбесни Џон Витмајер, кој е претседател на Комитетот за криминална правда на Тексас, е фактот што осуденикот не вкусил ништо од нарачаното. Според него, тоа било само фрлање храна и пари на некој што не заслужува.

На тој начин, во Тексас е укината одлуката за последниот оброк. Во Флорида е дозволено да се одбере последниот оброк, но неговата вредност смее да биде максимум 40 долари, додека во Калифорнија таа сума е ограничена на 50 долари. Во некои земји, изборот се сведува на она што го има во затворската кујна.

Related Posts with Thumbnails