wordpress counter

Велосипед за бесплатна вечера

Еден хотел во Данска неодамна започна несекојдневна иницијатива, за која верува дека ќе ја прифатат и други угостителски објекти. Хотелот Crowne Plaza, кој е сместен на половина пат помеѓу Копенхаген и најголемиот скандинавски аеродром, поставил два тренажни велосипеди споени со генератор.

Гостите, додека престојуваат во хотелот, имаат уникатна можност со вртење на велосипедот да произведат струја и да добијат бесплатна вечера. Според претставниците на хотелот, секој што ќе произведе 10 вати струја, ќе добие бесплатно еден од локалните специјалитети.

На овој начин, не само што се одржува кондицијата и добрата здравствена состојба, туку се намалува и загадувањето и се штедат пари и струја. Инаку, едно јадење од вечерното мени на хотелскиот ресторан чини околу 2.000 денари.

Related Posts with Thumbnails