wordpress counter

Ви го претставуваме: Гурман™ 2.0

Се случи и тоа. Новиот Гурман™ е конечно пред вас. Освежен, редизајниран, збогатен со нови содржини… и да не набројуваме повеќе – портал каков што заслужувате. Нашиот дизајнерски и редакциски тим дадоа сѐ од себе за да му дадат нова енергија и нов изглед. А, за резултатот од нашите идеи, ќе зборувате вие.

Дизајнот е комплетно нов и прочистен со основа на бела боја. Боја која симболизира чистота, хигиена и нов почеток. Токму каква што е храната и какви што треба да бидат просториите во кои се подготвува. Согласно трендовите во изгледот на светските сајтови за храна, ние се решивме да го промениме скоцканиот и правилен распоред и да го направиме поразигран и повесел – токму онака како што треба да биде готвењето.

Освен дизајнерски направивме и содржински промени. Покрај претходните категории, сега ќе може да уживате и во рецензии на ресторани, кафеани и кафе барови, во странски и необични кујни, гурмански натпревари помеѓу нашите градови и една дузина други теми посветени на нашата љубов – храната.

Од вас очекуваме да нѐ следите секојдневно и да ни укажувате на темите и содржините за кои сакате да читате. А сега, уживајте во новиот Гурман™.

Related Posts with Thumbnails