wordpress counter

„Виталија“ ги освојува Турција и Скандинавија

Македонската компанија за производство на здрава храна, „Виталија“, објави дека започнува извоз во Шведска и Финска, а во подготовка е извоз и на огромниот турски пазар.

Според податоците, минатата година компанијата извезла дури 45% од своето годишно производство. Производите се присутни во речиси сите балкански земји: Словенија, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а во последните три години и во Бугарија и Романија.

Сега, „Виталија“ полека го освојува и светот. На веќе освоените пазари во Русија, САД, Австралија, Израел, Гана, Чешка и Кипар, ги додаваат и овие две скандинавски земји и Турција.

„Виталија“ уште еднаш покажа дека знае како да создаде бренд кој ќе биде прпознатлив, иако го има хендикепот дека е македонски. Квалитетниот производ, добриот имиџ, градење на бренд, промоција, исполнување на стандарди и да не набројуваме повеќе – светскиот пазар е пробирлив и на него владее огромна конкуренција. Секој што како „Виталија“ ќе ги исполни овие критериуми, ќе успее. А, на тој начин успеваме и ние и Македонија.

Related Posts with Thumbnails