wordpress counter

Во петок – сите на Саем

Саем на жената е првиот саем од ваков тип направен кај нас. Местото на одржување е добро познато – Скопски Саем, 24-26 септмеври 2010 година. Станува збор за интерактивна платформа каде посетителите, а пред сѐ посетителките, ќе уживаат во бројни изложби, предавања, дискусии, демонстрации, производи и услуги.

Свеченото отворање е во петок во 10.00 часот, по што следи редовна програма која ќе биде пополнета со бројни предавања за Бизнис јога, остеопороза, липосукција и други интересни теми. Наредните денови, освен во совети за нашето здравје, ќе уживаме и во настапите на Ламбе Алабаковски, во модните ревии на Duki Daso, Premaman, Glamour и The Earth collection.

Секој ден меѓу 12.00 и 13.30 часот Адријана Алачки ќе одржува час по готвење, меѓу 10:00 и 12:00 часот ќе има дегустација на традиционален македонски појадок, додека од 14:00 часот започнува дегустацијата на македонскиот традиционален ручек. Познатите личности секој ден ќе се натпреваруваат и ќе ги покажуваат своите кулинарски вештини. Покрај тоа, ќе бидат организирани бројни работилници и училници, во кои ќе се зборува на теми кои во средиштето ја ставаат жената.

Веруваме дека оваа богата понуда е вистински предизвик да го посетиме Скопски Саем овој викенд.

Related Posts with Thumbnails