- Гурман™ - https://gurman.mk -

Ворен Бафет го купи „Хајнц“

Милијардерот Ворен Бафет е новиот сопственик на компанијата „H.J Heinz Co.“ која го произведува популарниот кечап „Хајнц“. Зделката вреди точно 23.3 милијарди долари и тоа е најскапото преземање во историјата на производство на храна.

За оваа сума Бафет го доби еден од најстарите американски брендови чии производи ги има во речиси секој дом на планетата. Целта на купувањето е да му се овозможи на „Хајнц“ натамошно ширење во светот. Компaнијата има седиште во Питсбург, а произведува и сосови, оцет, кисели краставички, компири, грав.

Инаку, компaнијата започнала со работа во далечната 1869 година кога Хенри Џон Хајнц, заедно со неговиот сосед Кларенс Нобл започнале да продаваат рендан рен пакуван во проѕирно пакување за да се нагласи неговата чистота. Тоа трае до 1876 година кога компaнијата го започнува производството на кечап. Останува во чисто приватна сопственост сè до 1946 година. Минатата година, оваа компaнија оствари промет од 11.65 милијарди долари, со профит од околу 1 милијарда.