wordpress counter

За оние кои имаат вишок слободно време

Кен Банистер или Топ Банана (име кое си го дал самиот) е креаторот на музејот на бананите во САД. Оваа „вредна“ колекција се состои од преку 17.000 предмети направени од лушпи од банана. Седиштето на музејот досега беше во едно мало гратче во близина на Лос Анџелес.

Банистер (71) веќе 38 години грижливо ги собира овие предмети и ги додава во својата колекција. Откако ја загубил претходната локација, која му била дадена на користење, својата колекција ја понудил на e-Bay. Се надевал дека ќе започне војна помеѓу наддавачите и ќе постигне висока сума.

Но, другите наддавачи не ја препознале убавината на неговата колекција и немало воопшто заинтересирани. Банистер дури неколкукратно ја намалил почетна цена (од 45.000 долари на 7.500 долари). Ниту во тој случај не се појавиле заинтересирани лица да ја откупат, иако според неговите процени биле потребни 150.000 долари и 38 години за да ја направи.

Како и да е, човекот е дел од Гинисовата книга на рекорди и секако поседува колекција која најверојатно е единствена во светот.

Related Posts with Thumbnails