wordpress counter

Заедничка пекара на „Жито Леб“ и германскиот „PanЕxpert“

„Жито Леб“ и „PanЕxpert“ ја отвориja првата заедничка, ко-брендирана пекара во центарот на Скопје. Добро познатата пекара на „Жито Леб“, „кај Рекорд“ доби нов изглед, а воедно го дополни својот асортиман со висококвалитетни пекарски производи според германска технологија. Посетителите на едно место ќе можат да го почувствуваат вкусот на македонската традиција и германската перфекција.

Отворањето на ланец нови ко-брендирани пекари се очекува да биде во склад со проектираната пазарна динамика. Покрај тоа, „Жито Леб“ и неговиот партнер „PanExpert“, нудат можност за деловна соработка преку систем на франшиза, кој овозможува низа поволности за професионален почеток на бизнис кој веќе успешно функционира во Германија и цела Европа. Селектиран асортиман на заедничките производи ќе биде достапен за дистрибуција и во поголем број реномирани супер маркети, угостителски објекти и кетеринг компании на целата територија на Република Македонија.

Во иднина, „Жито Леб“ планира да го продолжи трендот на современо работење и веќе се изработува и деловна студија за нова инвестиција во блиска иднина, со отворање на производствен погон, каде ќе се користи современа германска технологија, што би значело можност за нови вработувања и извозна пенетрација на странскиот пазар.

Љубителите на бели печива и сите гурмани кои сакаат да го откријат опојниот мирис на германските пекарски производи, можат да ја посетат новоотворената пекара во ценатарот на Скопје, а сите оние кои сакаат да започнат или да го прошират својот бизнис, можат да ги контактираат одговорните во „Жито Леб“.

Related Posts with Thumbnails