wordpress counter

Загина сопственикот на Нутела и Рафаело

Пјетро Фереро (47), сопственикот на италијанскиот прехранбен гигант „Ferrero“ загина вчера во Јужна Африка. Господинот Фереро бил на бизнис патување во најјужната африканска држава. Смртта настапила по пад од велосипед. Првите информации велат дека најверојатно станува збор за срцев удар.

Пјетро, заедно со својот помлад брат, го презеде управувањето со компанијата во 1997 година. Нивниот татко Микеле е најбогатиот човек во Италија, кој ја претвори малата компанија во интернационална корпорација.

Дедото на Пjетро, кој го има истото име, ја основал компанијата во 1942 година во италијанскиот град Алба. Седиштето на комапнијата и ден денес се наоѓа во тој град. Со оглед дека во тоа воено време, било тешко да се најде чоколадо, тој правел мешавини од какао и лешници. Команијата „Фереро“ и понатаму е во семејна сопственост и има годишни приходи од 6.6 милијарди евра.

Во меѓувреме, добивме информација дека македонската кафетерија Caramelo™, во чест на Пјетро Фереро, едно од своите кафиња (кафето „Рафаело“)  го преименува во кафе „Фереро“. Потег кој навистина заслужува пофалба.

Related Posts with Thumbnails