wordpress counter

Замина сопственикот на Lavazza

Емилио Лаваца, човекот кој своето презиме го направи синоним за кафе, почина на возраст од 78 година. Повеќе од 40 години беше на чело на компанијата која сега има годишен обрт од преку 1 милијарда евра.

Инаку, компанијата е основна од неговиот дедо Луиџи, уште во далечната 1895 година. Откако почина неговиот татко во 1971 година, Емилио Лаваца беше назначен за извршен директор. Заслуга на сињор Емилио (како што беше познат во деловните кругови) е што денес оваа фирма држи една половина од италијанскиот пазар и е 6-ти најголем производител на пржено кафе во светот.

Тој беше глaвниот архитект на кафе експанзијата на Лаваца. Стоеше зад сите големи маркетинг кампањи и операциите на освојување на странските пазари. На тој начин, компанијата стана синоним за италијанското еспресо.

Related Posts with Thumbnails