- Гурман™ - https://gurman.mk -

Започна со работа сервисот за достава Donesi.com

Од пред неколку дена, кај нас започна со работа сервисот за достава на храна, Donesi.com [1]. Станува збор за сервис кој веќе работи успешно неколку години на територијата на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Сега за сега, сервисот работи само во Скопје, но се очекува негово проширување и во другите градови во Македонија.

Како работи сервисот? Доволно е да дојдете на веб-страницата и да ја одберете вашата локација. Потоа ја правите порачката и ја оставате адресата на која треба да стигне порачката и телефонот. Најважно од сѐ е дека не плаќате воопшто за услугата. Цените се исти како и во рестораните кои се дел од системот. Во овој момент, четири ресторани се дел од сервисот: ресторанот „Порто Фино“, пицеријата „Занзибар“, Гиро „Беко“ и ресторанот „Бравос“.

Ние, од Гурман™ веќе го испробавме системот и тоа меѓу првите. Нарачката се прави лесно и едноставно. Токму како што е наведено, јадењето пристигна за 30 минути. И плаќањето се направи при достава. Без да се наплаќа дополнително за оваа услуга. Го поздравуваме појавувањето на овој сервис и се надеваме дека ќе стане недоминлив дел од нашето урбано живеење.