wordpress counter

„Здравје Радово“ ја купи „M&A Beverages“

Млекарницата „Здравје Радово“ од пред неколку дена влезе и во бизнисот со производство на сокови. Имено, втората по големина млекарница во Македонија ја купи фабриката за производство на сокови „M&A Beverages“. Информацијата ја потврди и сопственикот на „Здравје Радово“, Јован Дабески.

Сумата за која е купена фабриката останува тајна, но со оваа инвестиција „Здравје Радово“ се стекнува со нова, современа опрема за производство на сокови. Тие ќе се произведуваат во стаклена, пластична и тетрапак амблажа. Според плановите, 80% од производството ќе биде наменето за домашниот пазар, а 20% ќе оди за извоз.

Инаку, „M&A Beverages“ е некогашен „Ино спектар“. Фабриката престана да работи со пропаѓањето на млекарницата „Сведмилк“, каде таа имаше свој удел, односно беше еден од акционерите. Со оваа инвестиција на „Здравје Радово“ ќе проработи уште еден наш пропаднат производствен капацитет.

Related Posts with Thumbnails