wordpress counter

Жито леб ги купи продавниците на Жито Лукс

Охридската фирма „Жито леб“ купи 11 продавници на „Жито Лукс“ Скопје. Сумата која е исплатена за овие продажни местa изнесува 2 милиони евра. Фирмата од Охрид прифатила да ги задржи на работа сите 70 вработени.

Прв чекор на новиот газда ќе биде ребрендирање на продавниците и менување на асортиманот. Имено, од производите на „Жито Лукс“ ќе се продаваат само брашното и лебот, додека ќе мора да се збогуваме со нивниот бурек и лиснатите теста. Отсега, тие ќе се произведуваат во „Жито леб“. Сите производи на охридската фирма ќе може да се купуваат веќе од март.

За наредниот период, „Жито леб“ најави големи инвестиции и нови вработувања. Сите чекори ќе бидат насочени кон ширење на продажната мрежа и заземање на поголем пазарен удел.

Related Posts with Thumbnails