wordpress counter

Жито Лукс додели стипендии

Соработката помеѓу пекарскиот гигант Жито Лукс и Техничко-Технолошкиот Факултет во Велес и Факултетот Св. Климент Охридски, оддел нутриционизам во Битола, доби на тежина. Имено, компанијата додели стипендии на 4 идни нутриционисти – Елена Велковска и Славјанка Петрова од Велес и Константина Карамитровска и Мартина Ѓорѓиовска од Битола.

Жито Лукс АД Скопје, во манир на големите светски компании, ќе ги поддржи избраните студенти финансиски до крајот на нивното студирање. Според Лидија Трајковска, маркетинг менаџер, компанијата сака да им помогне на идните нутриционисти и на развојот на оваа научна област, која треба да ги даде одговорите за тоа што е квалитетна и безбедна храна.

Со овој чекор, Жито Лукс не само што покажа вистинска општествана одговорност како компанија, туку и докажа дека има водечко место во следењето на модерните корпоративни трендови и вложување во знаењето на идните кадри.

Редакцијата на Гурман™ ќе продолжи да ве информира и да ги поддржува медиумски сите слични активности на македонските компании, кои се во насока на подобрување на образованието во областа на храната.

Related Posts with Thumbnails