wordpress counter

Zigante тартуфи – деликатес за избирливи

Во прекрасните шумски долини на Истра во Хрватска може да се најдат едни од најквалитетните и највкусните тартуфи во светот. Познавачите на овој специјалитет знаат дека мапата на квалитетни тартуфи опфаќа само три територии во светот: францускиот Перигорд, италијанскиот Пиемонт и секако хрватската Истра.

Во малото живописно истарско гратче Бује, попознато како стражарот на Истра поради високиот рид на кој е сместено, се наоѓа компанијата Zigante тартуфи. Тие се единствената фирма која конзервира и преработува тартуфи во Истра и во Хрватска. Сопственикот Џанкрало Зиганте, или попознат како „кралот на тартуфите“, дури го има пронајдено и најголемиот бел тартуф на светот, со што стана дел и од Гинисовата книга на рекорди.

Од почетоците на 90-тите години, па сѐ до денес, Zigante успеа да изгради препознатлив бренд низ цела Европа. Бренд кој се базира на висок квалитет и незаборавен вкус на оваа посебна печурка.

Токму овие истарските тартуфи на Zigante веќе можеме да ги вкусиме и во Македонија, благодарејќи на Вик-Зиг ДОО Скопје. И есенскиот бел тартуф и летниот црн тартуф, како врвни деликатеси стануваат дел од менито на рестораните и нашите трпези.

Zigante тартуфите, спакувани во совршено дизајнирани теглички, може да се најдат цели, сецкани или мелени. Освен тартуфи, Вик-Зиг нуди и маслиново масло со арома на тартуфи, мешавина на тартуфи со маслинки, со вргањ или со шампињони, како и тартуфата. Овие производи може да се најдат во супермаркетите на „Веро“ и „Тинекс“, или пак можете да уживате во специјалитетите приготвени со овие деликатеси во пореномираните ресторани и пицерии.

Покрај овие производи, едно посебно маслиново масло – Leccino Extra Virgin Olive Oil, ќе стане дел од нашата секојдневна исхрана. Станува збор за едно од најквалитетните маслинови масла на светот, со карактеристично и уникатно рачно собирање на маслинките и рачно цедење на маслиновото масло уште истиот ден кога била бербата на Leccino маслинките. Ова маслиново масло, истотака, ќе може да се најде во супермаркетите на „Веро“ и „Тинекс“.

Доколку специјалитетите кои ги подготвувате сакате да бидат неповторливо вкусни, тогаш тартуфите и маслиновите масла на Zigante се вистинскиот избор. Нивната употреба е неверојатно разновидна. Со нив, секое јадење кое го подготвувате можете да го направите вистински специјалитет. Без разлика дали е обичен омлет, совршено подготвени тестенини, специјалитет од месо или вкусна риба, тартуфите на Zigante ќе го направат совршен оброк кој долго се памети.

Во наредните седмици очекувајте вкусни рецепти со тартуфи, кои ќе можете да ги приготвите сами или да ги вкусите во некои од нашите ресторани, како и бројни вкусни изненадувања од Гурман™ и Вик-Зиг.

Related Posts with Thumbnails