wordpress counter

Златно сирење за Божиќ

Што велите за парче сирење со злато по божиќната вечера?

Англиската млечна индустрија „Long Calawason Dairy“, по повод божиќните празници, на пазарот претстави лимитирано сирење направено со вистинско злато. Сто грама од ова златно сирење чинат 70 фунти, а веќе има листа на купувачи. За волја на вистината, повеќето од нив се познати светски ѕвезди.

Познатите лица веќе имаат резервирано парчиња од ова сирење за своите божиќни забави кои ги организираат.  Сирењето е направено од бело стилтон сирење, во ливчиња вистинско злато и ликер од злато. Ова сирење е дефинитивно најгламурозното нешто што го направила оваа компанија, а листата на купувачи е веќе долга.

Со неговата цена, ова е убедливо најсакпото сирење произведено некогаш во Велика Британија. Да се надеваме дека на многумина од гостите на овие скапи божиќни забави нема да им биде жал да го пробаат ова сирење и дека поради неговиот гламурозен изглед нема некој да помисли дека станува збор за накит.

Related Posts with Thumbnails