wordpress counter

Зошто сме уморни по јадењето?

УМОРНИ ПО ОБИЛЕН ОБРОК?Многу често по обилниот ручек или вечера знаеме да кажеме „леле, ама ми падна притисокот” и некако патот почнува да нѐ води кон најблискиот кревет. Но, што лежи во основата на оваа состојба?

Виенскиот професор Хадемар Банкхофер, врз база на испитувањата што ги направиле Британските научници, открива дека вината за оваа поспаност ја имаат невроните во меѓумозокот.

Според истражувањето спроведено на 1000 луѓе, откриено е дека постојат ќелии кои се одговорни за нашата будност и активност. Поголемото количество храна што ќе го внесеме во организмот ги блокира тие ќелии и ние се чувствуваме троми и уморни. Посебни неврони во мозокот го произведуваат протеинот орексин кој нѐ држи активни. Премногу масна храна, во комбинација со јаглехидрати или многу шеќер по оброкот, го спречува создавањето на орексин и поради тоа пополека очите почнуваат да ни се затвораат.

Затоа, ако сакаме да останеме будни по јадењето, потребно е да избегнуваме десерти со многу шеќер, кафе со шеќер или многу масна храна за време на оброкот.

Салата, мисиркино месо подготвено на скара, варен зеленчук и свежо овошје ќе ве одржи во кондиција долго по оброкот. Иако, нам во редакцијата на Гурман™ ни е подраго да направиме една сиеста по навистина обемен и долг оброк.

Related Posts with Thumbnails