Go Back

Домашен Леб со Спелтино Брашно

Готвење 45 mins

Состојки

  • 205мл  вода на собна температура
  • 200мл кисело млеко или јогурт
  • 12гр хималајска сол
  • 585гр спелтино брашно
  • ½ гр квасец

Инструкции

  • Сите состојки се размесуваат убаво од вечерта и смесата ја покриваме. Препорачливо е да се покрие со капак, а не со крпа. Наутро, после 12 саати, тестото повторно се размесува убаво, со влажни раце, за да не се лепи и пак го оставаме настрана да одмара 8 саати.
    Откако ќе помине потребниот временски период, тестото повторно го размесуваме на набраната површина, со влажни раце и го ставаме лебот на картија за печење. Првите 15 мнути го печеме со капак, на 250 степени, потоа намалуваме на 230 степени и го печеме уште 30 мин, без капак. Сигурно ви е чудно зошто тестото се остава толку долг период да мирува. Тоа е бидејќи има само половина грам квасец и на лебот му треба повеќе време да нарасне. Верувајте ни дека крајниот вкус на лебот е вреден за сите саати поминати во неговата подготовка.
Course: печиво
Keyword: leb, леб, печиво