Go Back

Класичен Чизкејк

Подготовка 30 mins
Готвење 45 mins
Вкупно Време 1 hr 15 mins

Состојки

За Кората:

  • 1 путер (Збрегов)
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 12 лажици млеко
  • 1 ванила
  • 300гр мелена плазма

За Филот:

  • 500гр маскарпоне
  • 3 јајца
  • 250гр шеќер
  • 500мл кисела павлака
  • лимонов сок од еден лимон
  • 1 екстракт од ванила

Инструкции

За Кората:

  • Се мати 1 путер (Збрегов) со 2 лажици шеќер во прав. Се додаваат 12 лажици млеко, 1 ванила и 300гр мелена плазма, па се меша со рака. Се става во тавче како кора и се става во фрижидер.

За Филот:

  • Во сад за миксирање со електричен миксер матете го маскарпонето (500гр) на мала брзина 1 минута. Додајте 3 јајца, едно по едно, и продолжете да миксирате на мала брзина. Постепено додавајте и 250гр шеќер и миксирајте додека да стане кремасто, или 1 до 2 минути. Додајте 500мл кисела павлака, лимонов сок од еден лимон и екстрактот од ванила и мешајте додека смесата да се изедначи. Истурете ја смесата врз подлогата од бисквити во калапот и измазнете ја одозгора со лопатче. Надворешната страна на калапот обвијте ја со големо парче алуминиумска фолија. Обвиениот калап ставете го во голема тава за печење, во која сте додале зовриена вода (водата треба да биде до половина калап); фолијата ќе спречи водата да навлезе во тортата. Печете 45 минути. По печењето тортата треба да биде како пудинг (ќе се заврсти откако ќе се олади),така што внимавајте да не ја препечете. Оставете ја да се олади 30-тина минутина на собна температура, а потоа покријте ја и ставете ја во фрижидер, барем 4 часа. Не ги тргајте страните на калапот пред тортата да биде добро оладена. По 7-8 часа во фрижидер, пренесете ја тортата во голема чинија и одозгора наредете шумско овошје (замрзнато или свежо), желатин, шлаг или едноставно врз неа смелете малку карамела.
Course: Десерт
Keyword: cheesecake, torta, десерт, Класичен Чизкејк