Go Back
5 from 1 vote

Cipriani Лимон Торта

Подготовка 40 mins
Готвење 20 mins

Состојки

Состојки за тестото:

  • 200гр брашно
  • 6 јајца 
  • 200гр шеќер во прав
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 1  лажичка прашок за пециво

Состојки за лимон крем:

  • 6 жолчки
  • 160гр шеќер
  • 110мл  сок од лимон
  • Кора од два лимона
  • 50гр ладен путер 

Состојки за филот:

  • 5 белки
  • 200гр шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • Сок од ½ лимон (по желба)

Инструкции

  • Почнете со припрема на тестото. Во голем сад изматете ги жолчките заедно со шеќерот во прав и екстрактот од ванила, а во друг сад изматете ги белките цврсто.
    Пополека со спатула додајте ги матените белки на пенасто изматените жолчки, и додајте го брашното со просејување.
    Поделете го тестото рамномерно во два калапа ф20.
    Печете во претходно загреана рерна на 180Ц - 15-20 минути.
    Оставете да се оладат пред да го додадете кремот со лимони.
  • Почнете со припремата на лимон кремот.
    На пареа изматете ги жолчките со шеќерот и сокот од лимон, матете отприлика 10тина минути додека смесата не се згусти, додајте го путерот, изматете и оставете го кремот да се излади.
    Филот од белки припремете го со матење на белките заедно со шеќерот во прав и екстрактот од ванила. По желба може да додадете сок од лимон. Матете додека смесата не стане сјајна и цврста. Тогаш е спремна за употреба.
  • Откатко ќе се излади и кремот, филувајте ја средината на тортата и поставете ја другата торта одозгора.
    Филот од белки нанесете го со спатула, правејки врвови нагоре кои што подоцна ќе ги изгорите со кујнски бренер.
    Оставете ја тортата да се излади 30 мин во фрижидер пред да ја послужите.
Course: Десерт
Keyword: torta, торта