Go Back

Ќофте во Рерна

Подготовка 20 mins
Готвење 40 mins

Состојки

  • 300 гр мелено месо
  • 1 парче пилешки гради
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • 3 чешниња лук
  • 4 кришки леб
  • 100 мл. млеко
  • магданос
  • 50 гр рендан пармезан
  • 100 гр моцарела
  • 1 лажица вегета
  • масло, сол и бибер

Инструкции

  • Лебот се кине на парчиња, се става во подлабок сад и се прелива со млекото. Морковите, чешнињата лук, главицата кромид, магдоносот и пилешките гради се сечкаат на парчиња и се микса во блендер. Измиксаната смеса се става во сад. Во садот се додава лебот од кој претходно сме го истиснале млекото, се става сол, бибер, вегета, се додава пармезанот и меленото месо и со рака се меси смесата.
    Моцарелата се сечка на парчиња. Од смесата земаме дел по дел и на средината ставаме од моцарелата и формираме ќофтиња, прекривајќи ја моцарелата. Сите ќофтиња ги подготвуваме на истиот начин и ги редиме во тава за печење и ги попрскуваме со масло. Се пече на 180 степени 30-40 мин. Прилог кремасто пире од компир со путер.
Course: главно јадење
Keyword: ќофтиња