Go Back

Шпагети со Морски Плодови

Подготовка 30 mins
Готвење 1 hr
Вкупно Време 1 hr 30 mins

Состојки

  • 200гр свежи ракчиња
  • 350гр лигњи
  • 150гр октопод
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • сол, бибер, куркума и шафран
  • 200гр домашна салца
  • 300гр свежи школки
  • 100мл бело вино
  • 1 цеден лимон
  • 1 пакување шпагети

Инструкции

  • Во подлабок огноотпорен сад или тава ставате малку маслиново масло и лажица путер да се загрее, се ставаат свежи ракчиња (200 гр.) лигњи (350 гр.) и претходно обарен октопод (150 гр.) да се пропржат. Ракчињата и лигњите се пржат по 2 мин од двете страни и се вадат на страна. Октоподот се остава да зарумени и потоа се трга на страна. Во веќе загреаната тава се става ситно исецкана главица кромид, 3 чешниња лук, сол, бибер, куркума и шафран. Се пропржува и откако ке омекне кромидот се става 200 гр. домашна салца. Сето ова се крчка на тивко околу 5 мин. се додаваат морските плодови кои беа претходно пропржени, се ставаат свежи школки (300 гр.) и во сосот се додава 100мл. бело вино и 1 цеден лимон. Се поклопува со капак и се остава да крчка на тивок оган 10мин. Во сад со вода ставате малку сол, чекате да се загрее водата и се става 1 пакување шпагети. Се варат 5-7 мин. се процедуваат и се сервираат во голем сад, врз шпагетите се истура сосот од морски плодови. Одозгора се става ситно исецкан магдонос.
  •  Октопод припрема - во сад се става вода со бело вино и малку сол. Водата да зоврие и се става октоподот да се вари 40 мин. Потоа се става во сад со ладна вода 2-3 мин. и спремен е за на скара или за пржење.
Course: главно јадење
Keyword: морски плодови, паста, шпагети со морски плодови