Путерот се загрева и се додава на бисквитите. Се мешаат и смесата се става во калап со дијаметар од 20 цм. Се остава 40тина минути во фрижидер.
Павлаката се загрева и се прелива врз чоколадото. Се меша и се остава убаво да се излади. Јагодите се блендираат во блендер. Маскарпонето се меша и се додава во чоколадото а потоа се додава и пирето од јагоди. Се соединува убаво мешајки рачно па филот се додава врз основата.Се остава преку ноќ во замрзнувач. Се служи како сладолед - торта.