Go Back

Крошка Картошка

Подготовка 20 mins
Готвење 1 hr 30 mins
Вкупно Време 1 hr 50 mins

Состојки

  • компири по избор
  • 200 гр урда
  • 3 лажици грчки јогурт
  • свеж копар
  • свежи шампињони
  • лук
  • маслиново масло
  • кисели краставички

Инструкции

  • Еден голем компир е сосем доволен за еден човек. Компирите најпрво се мијат убаво и темелно, се бришат со крпа и се виткаат во алуминиумска фолија еден по еден. Се печат во рерна на 220°С час, до час и половина (зависно колкави се и колку е силна рерната), после еден час може со чепкалка или нож да се провери дали се готови. Додека се печат, се приготвуваат ладните салати:
  • 1. 200 гр урда со 3 полни лажици грчки јогурт и мнооогууу свеж копар;
    2. Пржени шампињони (свежи, не маринирани) со лукче и маслиново масло, изладени, па измешани со кисели краставички. Кога ќе се готови компирите, внимателно се отстранува фолијата, им се сече капаче по должина, дебело колку да има пристап до внатрешноста на компирот, се гмечи внатре со вилушка, се става путер и кашкавал, и се печат во рерна уште 5 - 10 минути додека не се растопи кашкавалот. Се сервираат топли со салатите натрупани врз нив.
Course: главно јадење
Keyword: Крошка Картошка