Go Back

Пица од Лиснато Тесто

Подготовка 15 mins
Готвење 10 mins
Вкупно Време 25 mins

Состојки

  • 450гр лиснато тесто
  • неколку маслинки (или сечкани по избор)
  • кромид на тркалца сечкан
  • 2-3 лажици ајвар или кечап
  • неколку печурки шампињони
  • оригано

Инструкции

  • Го расукуваме одмрзнатото лиснато тесто во квадратна форма, која треба да биде поголема за 5 см од дното на тавчето. Тавчето ни е со димензии 27х27. Дното на пицата треба да ни е колку тавчето во кое ќе ја печеме. На краевите го сечкаме на ленти (со должина околу 5 см).
  • Тестото го премачкуваме со ајвар, редиме сечкани печурки, сечкани маслинки, кромид на тркалца, посипуваме оригано.
  • Краевите кои ни се на ленти ги преклопуваме во форма на крст, еден преку друг ги втиснуваме на краевите за да не се отвораат при печење. Остатоците од тестото ги расфрламе врз пицата.
  •  Печеме во загреана рерна на 200 степени.
  • Освежете ја со свеж босилок, рукола или магдонос.
Course: главно јадење, печиво
Keyword: веге, пица, пица од лиснато тесто, посно