Go Back

Божиќни Колачиња

Подготовка 20 mins
Готвење 10 mins
Вкупно Време 30 mins

Состојки

  • 200гр мек путер
  • 150гр шеќер во прав
  • прстофат сол
  • 8 лажици мед
  • 2 лажички рум арома
  • 1 лажичка цимет
  • малку ѓумбир во прав
  • малку морско оревче 
  • 1 лажичка ванила арома
  • 2 жолчки
  • 4 лажици млеко
  • 460гр брашно (годинава користев интегрално) 
  • 140гр мелени ореви (може и лешници /бадеми)

За Декорација

  • 2 белки
  • 300гр шеќер во прав
  • неколку капки лимонов сок

Инструкции

  • Се замесува тесто од сите состојки и се остава да се излади во фрижидер минимум два часа. Се расукува кора со дебелина од 2 см, се прават форми со калапчиња и се печат во загреана рерна на 180 степени, 10 минути.
  • Се оставаат да се изладат па се декорираат со смесата од белка, која се подготвува со матење на белката до шеќерот во прав и неколку капки лимон и со додавање на бои по желба. 
Course: Десерт
Keyword: Божиќни Колачиња, десерт, колач